Шолц: Шведска и Финска можат да сметаат на германската поддршка за влез во НАТО
НАТО сојузот најверојатно станува поброен за две земји кои ќе бидат примени на самитот во Мадрид од 28 до 30 јуни. Шведска и Финска, скандинавските земји директно засегната со војната на Русија во Украина ги преиспитуваат безбедносните политики за апликација за членство...

Иако сè уште не е докрај решено, сепак постојаните воени вежби со алијансата и блиската разузнавачка политика, наведуваат дека Стокхолм и Хелсинки се 31-та и 32-та членка на НАТО. Украина беше чкрапецот којашто ја пренасочи безбедносната политика на двете скандинавски држави. Во Берлин премиерките Марин и Андерсон се сретнаа со германскиот канцелар Шолц за да ги прецизираат следните потези.
„Ако решат да се придружат во НАТО, можат да сметаат на нашата поддршка. Ставот на членовите во владите се јасни и тоа е важен сигнал независно од одлуката на НАТО, ја имаат германската поддршка“, Олаф Шолц германски канцелар.
„Русија погрешно ја наметнува својата волја врз изборот на другите земји. Политиката на отворена врата е дотолку поважна за сите нас“, Сања Марин премиерка на Финска.
„Мојата влада заедно со сите политички партии спроведува анализи за дополнителна безбедносна политика која ќе ја претставиме на 13 мај. Таа ќе ги вклучува и идните меѓународни партнерства во делот на одбраната на шведска. Сите можности се на маса, вклучувајќи го и НАТО“, Магдалена Андерсон премиерка на шведска.
Генералниот секретар на НАТО Столтенберг веќе изјави дека и двете земји се добредојдени и можат да станат членки наскоро. Станува збор за период до крајот на годинава, откако ќе биде верификуван приемот од пратениците на 30-те земји, членки на алијансата, меѓу кои и македонскиот. Хрватската телевизија во меѓувреме пренесе изјава според која претседателот Милановиќ најавува вето за влезот на Финска во НАТО.
Наташа Јанчиќ
