Свет

Северна Кореја лансира „неидентификуван проектил“

04.05.2022 09:43

Од почеткот на оваа година Пјонгјанг досега спроведе десет ракетни тестирања, меѓу кои и на интерконтинентална балистичка ракета, за првпат од 2017-та година. Властите најавија продолжување на развојот на нуклеарниот арсенал, притоа игнорирајќи го повикот на САД за дијалог.

Северна Кореја истрела „неидентификуван проектил“ од крајбрежниот појас кон морето во источна насока.

Од почеткот на оваа година Пјонгјанг досега спроведе десет ракетни тестирања, меѓу кои и на интерконтинентална балистичка ракета, за првпат од 2017-та година. Властите најавија продолжување на развојот на нуклеарниот арсенал, притоа игнорирајќи го повикот на САД за дијалог.

Последните тестирања на ракетните потенцијали се случуваат во време на примопредавање на власта во Сеул.