Свет
„Фајзер“ со годишен приход од 54 милијарди долари
04.05.2022 09:54
Компанијата соопшти дека годинава очекува 22 милијарди долари од продажбата на антивирусните апчиња „Паксловид“.

„Фајзер“ ги потврди проценките за годишните приходи од вакцината и таблетите против Ковид-19, за првпат откако се пуштени во продажба.
Компанијата соопшти дека годинава очекува 22 милијарди долари од продажбата на антивирусните апчиња „Паксловид“.
Проценката се заснова само на мал дел од нивните производствени капацитети годинава.
Согласно сегашната прогноза, приходите од вакцината во соработка со германскиот Бионтек треба да изнесуваат 32 милијарди долари.
