Чевлите на платформа се враќаат во мода

04.05.2022 10:06

Ги има во секакви варијанти, па овој модел, кој се врати од минатото, може да биде избор на жени со различен вкус и стил, кој го негуваат. Во зависност од моделот можат да бидат и удобни.

Модата постојано се врти во круг, се навраќа на старото. Таков е случајот и со чевлите на платформа. Одвреме, навреме се враќаат и стануваат омилени на трендсетерките.

За оние, кои сакаат висини, а не се по тенките потпетици, овие чевли се вистинскиот избор.

Ги има во секакви варијанти, па овој модел, кој се врати од минатото, може да биде избор на жени со различен вкус и стил, кој го негуваат. Во зависност од моделот можат да бидат и удобни.

Обично одат со подебели потпетици, или со полна пета. Цените им се различни, од оние на познати брендови, со навистина високи цени, но може да се набават и по достапни цени.

Најдобри комбинации со облека, посебно ако чевлите се со полна пета, се пошироки модели, долги и фустани на преклоп.

Аида Николовска