Свет
Десетици жртви во страшна сообраќајна несреќа во Украина
04.05.2022 12:00
Медиумите пишуваат дека ова е најголемата сообраќајка на украинските патишта во изминатата деценија.

Во тешка сообраќајна несреќа во Украина во која учествувале комбе, автобус и цистерна загинале најмалку 27 лица. По судирот избил и пожар. Преживеале само 12 од 38 патници.
Медиумите пишуваат дека ова е најголемата сообраќајка на украинските патишта во изминатата деценија.
Според прелиминарните сознанија на истрагата, возачот на комбето, кој исто така загинал, бил виновен за смртоносната несреќа во северозападниот дел на земјата.
