Стаклени украси во домот

06.05.2022 10:25

Витражот е секогаш убав детал во домот. Може да се направи во оваа техника мал прозорец, во станот, или барем да се урами парче од овие убави стакленца.

Стаклото повторно е дел о украсите во нашите домови. Најчесто станува збор за вазни. Можат да бидат во различни форми и големини.

Пожелно е да бидат во боја, со тоа ќе додадат свежина во просторот и ќе придонесат за попријатна атмосфера. На некоја од полиците може да се направи и колекција од повеќе вазни во различни големини и бои.

Свеќниците исто така можат да бидат убав украс. И тие можат да бидат во повеќе бои, усогласени со свеќите.

Витражот е секогаш убав детал во домот. Може да се направи во оваа техника мал прозорец, во станот, или барем да се урами парче од овие убави стакленца.

Витраж лампите одамна не се само дел од луксузот. Сега се многу подостапни, а се секогаш елегантен украс. Се вклопуваат и во модерно уредени ентериери.  

 

Аида Николовска