Воен конфликт

Жестоки битки во јужниот и источниот дел на Украина

07.05.2022 10:10

Западните земји со предупредување, на 9-ти мај Русија може да ѝ објави војна на Украина. Најжестоките битки и натаму се водат во јужниот и источниот дел …

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко ги повика граѓаните да останат во своите домови до понеделник во периодот кога Русија го одбележува Денот на победата. Патролите во градот ќе бидат засилени откако западните власти издале предупредување дека рускиот претседател Владимир Путин би можел официјално да и објави војна на Украина на 9-ти мај. Лидерот на Украина, Зеленски ги покани германскиот претседател и канцелар во Киев в понеделник.

„Канцеларот Шолц може да направи силен политички чекор овде. Не го објаснувам значењето, мислам дека ќе разберете сами. Но некогаш во историјата мора да преземеме одредени чекори за единство, дури и ако постои некакво заладување во односите“, изјави украинскиот претседател Зеленски.

Југоисточниот фронт на Украина и натаму главно воено жариште.

„Најголемите операции се одвиваат во наш правец. Најжестоките битки се во Сјеверодоњецк. Евакуациите продолжуваат, секој ден пренесуваме луѓе. Но, за жал, се помалку од нив сакаат да заминат. Многумина се тврдоглави и мислат дека нив нема да ги погодат проектилите и ракетите. Сакаат да останат бидејќи биле родени овде, па овде сакаат и да умрат“, рече Сергиј Хајдан, гувернер на Луганск.

САД одобрија уште еден пакет безбедносна поддршка. Помошта од 150 милиони долари, вклучува многу муниција, радари и друга опрема за Украина.

Маја С. Филдишев