Велика Британија вети дополнителна помош за Украина
Владата на Џонсон досега испрати противтенковски ракети, систем за противвоздушна одбрана и друго оружје во Украина.

Обединетото Кралство вети дека ќе обезбеди дополнителни 1,3 милијарда фунти воена поддршка и помош за Украина. Британскиот премиер Борис Џонсон е еден од најгласните поддржувачи на отпорот на Украина кон руските сили откако рускиот претседател Владимир Путин ја нападна оваа земја на 24 февруари.
Владата на Џонсон досега испрати противтенковски ракети, систем за противвоздушна одбрана и друго оружје во Украина.
Новото ветување, дадено пред состанокот на лидерите на 7-те најразвиени економии во светот – Г7, речиси ги удвојува претходните средства за Украина, а владата додаде дека тоа е највисока стапка на трошење од војните во Ирак и Авганистан, иако не наведе детали.
Велика Британија соопшти дека дополнителните трошоци за Украина ќе се обезбедат од резервите што ги користи владата за итни случаи.
