Свет

Осум турски државјани киднапирани на Хаити

09.05.2022 10:36

Инцидентот се случил синоќа попладнето на автопатот осум што ги поврзува Доминиканската Република и Хаити...

Осум турски државјани, од кои неколку жени, се киднапирани на Хаити, јави медиумската куќа „Хаити24“.

Инцидентот се случил синоќа попладнето на автопатот осум што ги поврзува Доминиканската Република и Хаити. Притоа вооружени лица во областа Кроа де Букет го запреле автобусот со кој патувале турските државјани. Властите биле информирани за нападот, а досега не е побаран откуп за киднапираните.

Минатиот петок локална банда киднапираше доминикански дипломат кој беше ослободен по четири дена минати во заложништво.