Путин: Русија од Европа бараше праведен компромис, но тие не сакаа да нè ислушаат
Русија од Европа бараше праведен компромис, но тие не сакаа да нè ислушаат – рече рускиот претседател Путин на парадата за денот на победата, на Црвениот плоштад во Москва. Иако светот со голем интерес очекуваше објава на драматични одлуки, сепак, Путин кусо ја повтори својата визија за Русија и ја образложи причината за конфликтот со западниот сосед. Трибините без странски гости...

„Залудно се обидувавме да постигнеме компромис околу безбедносните прашања, НАТО имаше поинаков план“, рече рускиот претседател Владимир Путин на парадата за Денот на победата во Втората Светска војна, на црвениот плоштад во Москва. Иако светот со голема неизвесност очекуваше објава на драматични одлуки, сепак, Путин само кусо ја повтори својата визија за Русија и ја образложи причината за конфликтот со западниот сосед. Годинашната церемонија предизвика рекорден планетаран интерес поради шпекулациите за можно објавување на војна во Украина каде што се спроведува, како што велат руските власти, „специјална воена операција за денацификација и спас на Донбас“.
„Русија од Европа бараше праведен компромис, но тие не сакаа да нè ислушаат. Подготвуваа операција во Донбас, источна Украина каде што се сконцентрирани сегашните руски операции. НАТО активно оди кон нашата територија, тие е апсолутно неприфатливо. НАТО работи со украинските нацисти, Украина го добива најмодерното оружје. Одлуката за специјална воена операција беше единствената правилна одлука“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.
Со едноминутен молк им беше оддадена почит на жртвите од Втората Светска војна и од актуелниот конфликт.
„Отворено се подготвуваа за уште една казнена операција во Донбас, за инвазија во нашите историски територии, вклучувајќи го и Крим. Киев најави можно добивање на нуклеарно оружје, а блокот на НАТО почна активно да ги колонизира териториите кои ни припаѓаат нам. Тоа беше неприфатлива закана, директно на нашите граници“, рече Путин.
Годинава на трибините немаше странски гости. Вакви настани беа организирани низ 28 руски градови и во нив учествуваа 65 илјади луѓе, 2.400 вооружени единици и над 460 летала. Во војната пред 77 години, Советски сојуз изгуби 27 милиони луѓе, од кои 14 милиони беа цивили.
Маја С. Филдишев
