ГТСОУ

Украина ја затвора една од двете клучни точки за транзит на гас кон Европа

11.05.2022 10:41

Украинскиот опертор за пренос на гас, ГТСОУ, објави дека не може да продолжи со работа на компресорската станица Новопсков поради „мешање на окупаторските сили во техничките процеси“. Компресорската станица Новопсков во регионот Луганск, на истокот на Украина, падна во руски раце накусо по почетокот на инвазијата...

Украинскиот опертор за пренос на гас, ГТСОУ, објави дека не може да продолжи со работа на компресорската станица Новопсков поради „мешање на окупаторските сили во техничките процеси“.

„Со цел целосно да се исполнат транзитните обврски кон европските партнери и во согласност со договорот, можно е привремено да се префрли недостапниот капацитет од физичката интерконективна точка Сохранивка на физичката интерконективна точка Суџу која се наоѓа на територијата контролирана од Украина“, соопшти ГТСУ.

Компресорската станица Новопсков во регионот Луганск, на истокот на Украина, падна во руски раце накусо по почетокот на инвазијата. Таа е прва компресорска станица во Луганск, транзитна рута за околу 32,6 милиони кубни метри гас на ден, што претставува третина од рускиот гас што се пренесува во Европа преку Украина.

Рускиот „Газпром“, кој има монопол на извозот на руски гас преку гасоводи, вели дека е технолошки неизводливо да се пренасочи целиот гас до интерконекторот Суџа, како што предлага ГТСОУ.