Американски воен брод навлегол во Тајванското море
Кинеската војска реагира со соопштение, истакнувајќи дека го надгледувала американскиот воен брод и издала предупредување. Вашингтон, пак, соопшти дека САД пловат и дејствуваат секаде каде што е дозволено со меѓународното право...

Американски воен брод навлегол во Тајванско море, соопшти седмата флота на американската морнарица. Тврдат дека ракетниот крстосувач извел рутински транзит низ меѓународните води.
Кинеската војска реагира со соопштение, истакнувајќи дека го надгледувала американскиот воен брод и издала предупредување.
„САД треба да престанат со политичка манипулација за прашањето на Тајван и престанете да ја задржувате Кина со Тајван“, порача Жао Лиџијан – портпарол на кинеското МНР.
Вашингтон, пак, соопшти дека САД пловат и дејствуваат секаде каде што е дозволено со меѓународното право.
