Филипини

Победа на Фердинанд Маркос на претседателските избори

11.05.2022 13:10

Новоизбраниот претседател ветил дека ќе биде лидер на сите Филипинци. На светот му порачал-судете ми според моите дела, а не според моите предци...

Фердинанд Маркос јуниор, син на поранешниот филипински диктатор прогласи победа на претседателските избори.

Новоизбраниот претседател ветил дека ќе биде лидер на сите Филипинци. На светот му порачал-судете ми според моите дела, а не според моите предци.

Претходно, стотици демонстранти се собраа пред централната изборна комисија во Манила, несогласувајќи се со неофицијалните резултати од претседателските избори. Обвинуваат за изборни нерегуларности. Изборната комисија ги отфрла ваквите забелешки.