Бајден го означува почетокот на новата ера во односите меѓу САД и блокот АСЕАН
Дводневниот самит во Вашингтон е првиот самит на кој се собраа лидерите на АСЕАН и нивна прва средба чиј домаќин е претседателот на САД од 2016 година...

Претседателот на САД, Бајден, на самитот со лидерите на асоцијацијата на нациите од југоисточна Азија (АСЕАН) во Вашингтон го означи почетокот на „новата ера“ во однос на блокот од десет нации. Бајден рече дека голем дел од историјата на светот во следните 50 години ќе биде напишана во земјите на АСЕАН и дека односот меѓу Соединетите Држави и блокот е иднината за годините што доаѓаат.
Дводневниот самит во Вашингтон е првиот самит на кој се собраа лидерите на АСЕАН и нивна прва средба чиј домаќин е претседателот на САД од 2016 година.
Претседателот на САД вчера назначи нов амбасадор во АСЕАН, Јоханес Абрахам, шеф на кабинетот на неговиот Совет за безбедност.
