Германија

Најмалку пет лица се повредени со нож во Германија

14.05.2022 10:40

Напаѓачот е под истрага за потенцијален екстремизам од периодот кога живеел во бегалски хостел во 2017 година. Мотивот за нападот сè уште не е утврден..

Најмалку пет лица се повредени во регионален воз во Германија кога маж со иранско потекло ги нападнал со нож. Напаѓачот е под истрага за потенцијален екстремизам од периодот кога живеел во бегалски хостел во 2017 година. Мотивот за нападот сè уште не е утврден.

Четворица од повредените се пренесени во болница поради повреди на рацете, лицето и главата, додека едното лице е прободено со нож во стомакот. Ниту еден од нив не е во животна опасност.

Повреден е и напаѓачот којисто така е пренесен во болница.