Ковид-19

Новозеландската премиерка Ардерн позитивна на Ковид-19

14.05.2022 10:45

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн е позитивна на Ковид-19 и ќе биде во изолација дома седум дена..

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн е позитивна на Ковид-19 и ќе биде во изолација дома седум дена.

Нов Зеланд воведе еден од најрестриктивните пристапи во светот за управување со епидемијата на Ковид-19 од почетокот во 2020 година.

Бројот на смртни случаи од болеста, 892, останува меѓу најниските во развиените земји.