Израелската полиција ја нападна поворката за убиената новинарка на Ал Џазира
Сцените на насилство дополнително го влошија бесот низ арапскиот свет кој следеше по смртта на новинарката која беше убиена од израелската војска за време на акција во окупираниот западен брег...

Израелската полиција за брзо распоредување ги нападна луѓето на поворката за убиената новинарка на Ал Џезира, Ширин Абу Аклех во Ерусалим, при што ковчегот бил испуштен.
Сцените на насилство дополнително го влошија бесот низ арапскиот свет кој следеше по смртта на новинарката која беше убиена од израелската војска за време на акција во окупираниот западен брег.
Илјадници луѓе со палестински знамиња беа присутни на погребот на новинарката. Се смета дека ова е најголем палестински погреб во Ерусалим уште од смртта на Фајсал Хусеини, палестинскиот лидер кој почина во 2001 година.
