Евровизија 2022

Украина победи на Евровизија

15.05.2022 09:12

Финалето на Евровизија се одржа во Торино, Италија, во арената Пала Олимпико. За победа во финалето се бореа 25 земји...

Со вкупно 631 поен „Стефанија“ на групата Калуш Оркестра од Украина е прогласена за најдобра песна на „Евровизија 2022“. Втора е Велика Британија со нејзиниот претставник Сем Рајдер и песната „Space man“, а трета Шпанија со Шанел Тереро и песната „Сло Мо“.

Финалето на Евровизија се одржа во Торино, Италија, во арената Пала Олимпико. За победа во финалето се бореа 25 земји.