Растат платите и пензиите

10.04.2014 16:58

Се зголеми и минималмната плата. Пензиите во март дополнително се зголемија за 5% односно секој корисник доби по 600 денари. За тоа од државната каса беа одвоени околу милијарда и 800 милиони денари...

Се зголемуваат платите растат и пензиите. Пред кризата платите во јавниот сектор се покачија за 25%. Годинава во буџетот за 2014 година се обезбедени средства за зголемување на платите за уште 5 проценти почнувајки од октомвриската плата. Статистика измери дека за 0,7 отсто пораснале месечните примања на работниците во споредба со истиот месец минатата година. Споредено во јануари  2014 просечната плата изнесувала 21. 327 денари, а лани истиот месец 21. 294 денари. Се зголеми и минималмната плата. Пензиите во март дополнително се зголемија за 5% односно секој корисник доби по 600 денари. За тоа од државната каса беа одвоени околу милијарда и 800 милиони денари.

Бројот на пензионери во последните две години се зголемил за два процента. Просечната пензија достигна 12.445 денари што претставува раст од 62% споредено со 2006 година кога просечната пензија изнесуваше 7.683 денари.

„Најниската пензија е зголемена за 76%, а највисоката за 30,4%.  Ако во 2012 бројот на корисници кои го остварувале правото на пензија изнесувал 285411  во 2013 тата тој се зголемил за нови 6400“, вели Соња  Бачовска  помошник директор во Фонд за Пиом.

 

Дијана Ценевска