„Павел Шатев“: ВМРО – ДПМНЕ со убедливо водство пред СДСМ

10.04.2014 17:08

ВМРО – ДПМНЕ со убедливо водство пред опозициската СДСМ. Ова го покажува анкетата на Институтот Павел Шатев според која на парламентарните избори партијата на власт ќе добие нов мандат. 27,4% од анкетираните се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека партијата на Заев има 15,2% доверба

ВМРО – ДПМНЕ со убедливо водство пред опозициската СДСМ. Ова го покажува анкетата на Институтот Павел Шатев според која на парламентарните избори партијата на власт ќе добие нов мандат. 27,4% од анкетираните се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека партијата на Заев има 15,2% доверба. Од албанскиот блок со најголем рејтинг е ДУИ или 6,9 насто. Оваа анкета покажува дека 21,3% од испитаниците се уште не одлучиле кој број ќе заокружат на гласачкото ливче. На лицитација со исходот од изборите, најголемиот дел од испитаниците или безмалку 35% рекле дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Од друга страна, пак, смена на политичката гарнитура предвидуваат 14,1% од анкетираните во корист на СДСМ. 37,6 проценти се изјасниле оти не знаат кој ќе победи.

Никола Груевски и натаму е политичар со најголема доверба и со повеќе од тројно повисок рејтинг од неговиот опонент Зоран Заев. Довербата во Груевски е 27,8% додека Заев и Ахмети имаат речиси идентичен рејтинг. Заев 7,1 а Ахмети 7 насто доверба. Повеќе од двојно испитаници се изјасниле и дека сакаат Груевски да ја предводи идната влада. Анкетатата покажува дека лидерот на ВМРО – ДПМНЕ е посакуван премиер за 44,2 насто од испитаниците, додека Заев на чело на владата го гледаат само 21,1% . Анкетираните се изјасниле и дека ВМРО-ДПМНЕ има подобра економска програма. 40,4% за ВМРО –ДПМНЕ наспроти 17,1% за СДСМ.

55,8 насто сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата дадени пред граѓаните, наспроти 21,9% насто кои го мислат спротивното. На прашање дали СДСМ ќе ги исполни ветувањата доколку ја добие довербата дури 61,5 отсто од испитаниците рекле дека не веруваат, наспроти 16,7 насто кои сметаат дека ветувањата на партијата ќе се остварат.

Телефонската анкетата беше спроведена во шесте изборни единции, а ја спроведе институтот Павел Шатев на барање на порталот Курир врз репрезентативен примерок од 1430 испитаници.

 

Анита Димитријевска