Центри за палијативна грижа ќе се отвараат во неколку градови
Со адаптација на неискоритени делови од болничките капацитети се планираат центри за палијатива во 7 поголеми градови со цел да се растоварат Скопскиот и битолскиот, а болните за кои е потребна медицинска грижа да бидат поблиску до своите семејства

Населението старее и државата има потреба од палијатвини центри за грижа за граѓаните со тешки заболувања кои што се немоќни сами да се справата со болката, со болеста или со староста. Во моментов има само во Скопје и во Битола . Со адаптација на делови од неискористените болнички капацитети во Штип, Тетово,Гостивар,Куманово, Прилеп, Струмица и во Охрид ќе се овозможи сместување за 5 до 10 пациенти истовремено. Ќе се направи дополнителна доедукација на лекарите, сестрите, болничарите за палијативна грижа и нега. На овој начин пациентите ќе бидат поблиску до местото на живеење, до своето семејство,а истовремено ќе се растовари и притисокот врз скопскиот и битолскиот центар.
Ова е дел од предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ што денеска го најави министерот за здравство Никола Тодоров . Вкупниот буџет предвиден за реализирање на овој проект изнесува 4 милиони денари, а рокот е до крајот на 2018 година.
СС
