Пендаровски во Тетово

11.04.2014 00:38

„Би сакал да сум претседател на сите безразлика на нивната етничка, верска и политичка припадност. Јас сум македонец, христијанин, но сакам да ме гласаат сите“, рече претседателкиот кандидат од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски.

Пред тетовци, рече дека се залагал и ќе се залага да нема делби но и сите меѓусебно да се почитуваат. Меѓуетничките односи се клучната оска на која пичива стабилноста на секое мултиетничко општество и од Тетово, Пендаровски порача дека консензус на сите политички чинители е потребен за решаање за спорот на името. Негови приоритети за интегрирање на Македонија во ЕУ и НАТО, смета дека претседателот треба да одговори на сите предизвици да е двигател на сите политики процеси во државата.