ДУИ во Боговиње
„Влегуваме во втората декада од охридскиот договор и според анализите согледуваме дека националното албанско прашање се постави во колосек без враќање назад. Во остварувањето на нашите интереси продолжувам еуште похрабро таму каде што застанавме. Но за се потребно е да ги материјализираме европските стандарди, рече во своето обраќање пред жителите на боговиње“, лидерот на ДУИ и носител на листата во шестата изборна единица, Али Ахмети.

„Во постојан контакт сме со сите демократски сили, сакаме македонија да стане дел ма европа, ние сакаме сите европски фондови да се искористуваат до последен цент. Европа е заинтересирана ние да станеме нејзин дел, а тоа е волја и на албанците од македонија . Нато посакува земјава да биде дел од евроатланските структури. Албанците имаат волја и го чекаат тоа. Албанците сакаат нато бидејќи сакаат мир, стабилност и иднина.во нато е стабилноста на македонија, стабилноста на регионот и иднината на западен балкан. Има проекти сепак кои имаат голема и посебна вредност. Горд сум кога одам во скопје, на десната страна и кога ги гледам работите за заживување на еконосмката зона во тетово. Големите проеки , а тие бараат време. Затоа како дуи бараме поддршка не за да ги победиме другите, туку за да ги реализираме тие проекти.“, рече Али Ахмети
Пред жителите на Боговиње се обрати и шефот на изборниот штаб, Адбулаќим Адеми кој ги повика да не гласаат на 13-ти април за ниту едне од кандидатите за претседател бидејќи според него никој од нив не ги исполнува криетриумите. Но затоа ги повика да излезат на галсање на 27-ми април што помасовно и да гласаат за ДУИ. Интегративците изборната кампања ја продолжуваат во Струга.
