ДПА во Тетово: Не се сметаме за газди на албанците

11.04.2014 00:43

Ако се здружат албанските гласачи имам шанса за влез во вториот круг, рече Илијаз Халими, канидадатот за претседател на ДПА

„Ќе се залагам за верска културолошка и национална еднаквост во државата. Ќе се посветам на намалување на невработеноста, на студентите, на професорите, на сите што сакаат подобар стандард“, рече Халими

Во Тетово два пати победивме на парламентарните избори, со коректни и демократски гласови бидејќи не се сметаме за газди на албанците, каок што прават од ДУИ, ние ги почитуваме граѓаните, рече Мендух Тачи, лидер на ДПА