Жестоки битки во Донбас
Руската војска ги интензивира операциите во Северодоњецк. Лидерот на доњецките сепаратисти, Пуши-Лин најави формирање трибунал за војниците од „Азов“. Судењето ќе се одвива во неколку етапи. Првата ќе биде во Мариупол. Шведска делегација во Анкара на преговори за приемот во НАТО...

Руската војска ги интензивира операциите во Северодоњецк. Лидерот на доњецките сепаратисти најави основање на трибунал за припадниците на баталјонот „Азов“. Шведска делегација во Анкара на преговори за приемот во НАТО.
Жестоки битки во Донбас. Индустрискиот центар на Украина останува примарна цел на руските сили. Трупите веќе зазедоа термоцентрала, сега ги интензивираат напорите за опсада на Северодоњецк.
„Ова е пекол. Прво, секој ден не гранатираат. Второ, има премногу мртви. Трето, хуманитарни проблеми“.
„Целиот град стана фронт. Опкружен е, има тенкови, гледаме камиони околу градот, ми се чини дека ќе падне“.
„Мојата земја умира. Претешко е, штета, лошо е. Но ќе победиме. Сè ќе биде добро“.
Лидерот на доњецките сепаратисти Пушилин најави формирање на трибунал за војниците од баталјонот „Азов“. Судењето ќе се одвива во неколку етапи. Првата ќе биде во Мариупол.
„Руската инвазија почна на Крим. Тоа им беше првата грешка во списокот грешки на Русија кон Украина, но првата фатална за Русија. Исто така и Херсон, Енергодар, Мариупол и сите други градови и заедници каде што се преправаат дека се господари“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во Анкара допатува шведска владина делегација на преговори со турските функционери за приемот во НАТО. Претседателот Ердоган е против членство на Шведска и Финска во Сојузот поради убеденост дека овие скандинавски двојки поддржуваат терористи.
Маја С. Филдишев
