Концерт под отворено небо на „Меморија“
Култната скопска музичка група „Меморија“ најавува спектакл под отворено небо. Место каде што ќе се соберат и сретнат повеќе генерации. За прв пат и лицата со телесен инвалидитет ќе може да уживаат во концерт, а ќе има и место за седење за првите 150 кои ќе купат карта...

„Концертна матурска рокенрол забава на генерациите“ на 11-ти јуни на стадионот на АРМ. Култната скопска музичка група „Меморија“ најавува спектакл под отворено небо. Место каде што ќе се соберат и сретнат повеќе генерации. Ветуваат голема прослава на сите луѓе од тоа време, но велат ќе им покажеме и на помладите генерации дека тогаш се живеело добро и да го продолжат она наше сакање на татковината и на сè што е македонско. За прв пат и лицата со телесен инвалидитет ќе може да уживаат во концерт, а ќе има и место за седење за првите 150 кои ќе купат карта.
„Меморија“ и овој пат како во 2017 година ќе свири и пее за сите генерации кои музичкиот опус го следеа низ децениите постоење на македонската музичка сцена.
Гости на концертот се Ламбе Алабаковски, „Некст Тајм“, „Ласт експедишн“, „Морал“ и „Конкорд“.
Ана Ј. Тодоровска