„Скопски Брас фестивал“
Фестивалот кој го прославува звукот на дувачките инструменти „Скопски Брас фестивал“, своето второ издание ќе го одржи од 3 до 5 јуни со почеток од 20 часот, во „НУ Филхармонија“..

Фестивалот кој го прославува звукот на дувачките инструменти „Скопски Брас фестивал“, своето второ издание ќе го одржи од 3 до 5 јуни со почеток од 20 часот, во „НУ Филхармонија“.
Фестивалот ќе биде отворен со камерниот оркестар „Les étoiles“ (Диригент: Ана Спасовска; Солисти: Марио Јанковиќ и Стефан Илиев). Вториот ден, публиката ќе ужива во изведбата на неверојатниот унгарски тромбонист Ѓорѓи Живишијан, придружен од Шкељзен Бафтијари на пијано и Балкански тромбонски ансамбл. Последниот ден е резервиран за „Брас на кирилица“ – вечер посветена на македонски лимени состави.
Дополнително, во текот на сите три дена, во фоајето на „НУ Филхармонија“, од 10 до 15 часот ќе биде поставена изложба на дувачки инструменти од брендовите на светски познатата компанијата „Buffet Crampon“.
Фестивалот има за цел да ја истакне и промовира улогата на дувачките инструменти во музиката, а во истовреме програмата е конципирана на тој начин што ќе и овозможи на публиката да ужива во концертите но и да ги запознае лимените инструменти на сосема поинаков начин.
Влезот на сите концерти е слободен, а капацитетот на салата е ограничен на 300 места. Настанот е поддржан од „Министерство за култура“, „Град Скопје“ и „Макбрас асоцијација“.