Тексас

Бајден се сретна со семејствата на жртвите по масовното пукање

30.05.2022 10:24

Шефот на белата куќа и првата дама се сретнаа со семејствата на жртвите и оддадоа почит на импровизираната меморијална локација пред основното училиште..

Американскиот претседател Џо Бајден вчера го посети Увалде, Тексас по масовното пукање, во кој животот го загубија 19 деца од основно училиште и двајца учители.

Шефот на Белата куќа и првата дама се сретнаа со семејствата на жртвите и оддадоа почит на импровизираната меморијална локација пред основното училиште. Жителите го поздравија Бајден и го повикаа демократскиот претседател и републиканскиот гувернер на Тексас, Грег Абот, да преземат акција за да ја направат Америка побезбедна за нивните деца.

„Од секогаш сонувам да го видам претседателот, но не во вакви околности. Ми се крши срцето. Навистина ценам што е тука. Се надевам дека ќе промени нешто“, вели Марија Елена Мартинез, мајка на пет деца.

Жителите го побараа демократскиот претседател и републиканскиот гувернер на Тексас, Грег Абот да ја направат Америка побезбедна за децата.