Џони Деп го доби судскиот спор против Амбер Херд
По три дена расудување, поротата утврди дека Амбер Херд дала клеветнички изјави за Џони Деп со пишувањето авторски текст за наводно преживеаното сексуално и семејно насилство.

Џони Деп го доби судскиот спор против поранешната сопруга, актерката Амбер Херд која ја тужеше за клевета поради колумна во „Вашингтон пост“ во 2018 година, во која таа го обвини за семејно насилство.
По три дена расудување, поротата утврди дека Амбер Херд дала клеветнички изјави за Џони Деп со пишувањето авторски текст за наводно преживеаното сексуално и семејно насилство.
Херд, која исто така поднесе противтужби за клевета, доби само една од трите ставки против глумецот. Обајцата се обвинија меѓусебно за злоупотреба и нанесување штета на кариерата.
За разочарувањето што го чувствувам денеска, нема зборови. Скршена сум што планината докази не беа доволни за да се спротивставам на непропорционалната моќ, влијание и маневрите на мојот поранешен сопруг, изјави Херд.
Деп, иако побара 50 милиони долари, ќе добие 10 милиони долари за компензаторна штета и 350.000 казнена отштета. Херд добива два милиони долари за компензаторна штета, но не и казнена отштета.