Време е за вистински диџеј – Марк Ди Мош вечерва ќе настапи во Скопје

11.04.2014 14:47

Вечерва во скопскиот клуб Капан ан македонската клубска елита ќе има можност да ужива во квалитетниот андерграунд звук на холандскиот диџеј и продуцент Марк Ди Мош. Еден од оние диџеи чие име нема да го сретнете на официјалните листи за најдобри диџеи, но добрите познавачи на електронската музичка култура, ќе препознаат човек со автентичен талент, уникатна моќ и невидена страст за својата работа. Марк Ди Мош кој живее и твори во Ротердам, повеќе од дваесет години плени по европските техно „подруми“.

Организаторите на настанот, ПМГ Рекордингс велат дека малкумина се оние кои сеуште ја поседуваат оригиналната искра, која оваа електронска сцена ја направија толку важна во современиот свет. Потенцираат дека токму Марк Ди Мош е човекот кој е потребен за да се почувствува основната причина зошто секој викенд се наоѓате на подиумот за танц.

Покрај ултра-високиот степен на квалитет како диџеј, Марк Ди Мош е е ден од водечките холандски продуценти. Некои од неговите дела се сметаат за едни од најмодерните и најсвежите техно парчиња. Потполно уникатен во своите техно и хаус миксови, преку своите сетови ќе ве разнесе со својата магија и енергија.

Домашна поддршка на настанот ќе дадат добро познатите локални момчиња Мирко Попов и Дарко Јорданов кои ќе пуштаат музика до раните утрински часови.

Моника Јовановска