Google Glass во продажба, но само за ден

11.04.2014 14:57

Технолошките очила Google Glass се сон на многу вљубеници во технологијата , но до моментов малкумина имаат можност да си ги купат.
 
Сепак, ова може да се промени наскоро. На 15-ти април Google ќе ја направи долгоочекуваната премиеа и ќе ги пушти во продажба. Продажбата ќе  се одвива само во рамките на овој ден, ќе биде на територијата на САД и количините ќе се ограничени, пренесува CNN.
Без оглед на цената од 1.500 долари се очекува интересот  кон порачките да биде и повисок. Затоа од Google предупредуваат дека бројките може да не стигне за сите.

Google Glass е мини екран со големина на поштенска марка, кој е прикачен на рамката на очилата. Уредот може да снима видео, како и да отсликува пораки и други информации од интернет. Тој е безжично поврзан со мобилниот телефон на корисникот.