Листа од која се избираат членови на комисијата за избор по конкурс за создавање на нови композиции

11.04.2014 16:04

Врз основа на член 51став 2 алинеја 11 од Статутот на ЈРП Македонска Радио Телевизија бр. 02-3717/1 од 07.06.2013 година ( пречистен текст),  и  член 15 став 1од Закон за поддршка на домашната музичка продукција (Службен весник на РМ бр.119/2013, а во врска со член 6 од Правилник за начинот на бодирање и вршење на избор на членови на листа од која се избираат членови на комисијата за избор по конкурсот за создавање на нови композиции Бр 01-1641/1 од 04.03.2014 година од Управниот Одбор на ЈРП МРТ, Работоводниот орган на ЈРП Македонска радиотелевизија, на ден 04.04.2014 година,  го донесе следното:

 

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

СЕ УТВРДУВА ЛИСТА  од која се избираат  членови на комисијата за избор по конкурс за создавање на нови композиции, а согласно Законот за поддршка на домашна музичка продукција, која гласи:

 

  1. ДЕЈАН ДОБРЕВСКИ
  2. ГОЦЕ ГАВРИЛОВСКИ
  3. ВАЛЕНТИНА ВЕЛКОВА
  4. СТЕФАНИЈА ЛЕШКОВА
  5. ПЕРО КИТАНОВСКИ -ПИТЕРСАН
  6. РОБЕРТ САЗДОВ
  7. АВНИ АЛИИ
  8. ТРАЈЧЕ ОРГАНЏИЕВ
  9. ОРЦЕ ГЕЛЕВСКИ
  10. ДИМИТАР ЧЕМКОВ
  11. БУДИМКА ИМЕРИ
  12. СУЗАНА СТЕФАНОСКА
  13. БРАНКА КОСТИЌ
  14. НИКОЛА ФИРИЕВ
  15. КОНСТАНТИН КАРЕВ
  16. МАРКО КОЛОСКИ
  17. КОКАН ДИМУШЕВСКИ
  18. БЛАГОЈ ЦАНЕВ
  19. ЉУПЧО СТОЈАНОВСКИ
  20. ВАНЧО ДИМИТРОВ
  21. РИСТО АПОСТОЛОВ
  22. ШПЕНД АХМЕТИ
  23. ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
  24. БЛАГОЈА ЗДРАВКОВСКИ
  25. КИРИЛ ТОДЕВСКИ
  26. АВТОВСКА ЛИЛЈАНА
  27. АВТОВСКИ МЕТОДИЈА
  28. СИМЕОН ИВАНОВ-КАНГО 
  29. РАДИЦА МИТИЌ
  30. АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ ПРИНЦ
  31. ЈОШКО БОШКОВСКИ
  32. ВАСКА НАУМОВА ТОМОВСКА
  33. ЉУПЧО ТРАЈКОВСКИ ФИС
  34. ЦАНЕ ПЕТРОВ
  35. ВЕСНА МАЉАНОВСКА
  36. САШО НИКОЛОВСКИ
  37. ТАТЈАНА ГРКОВА
  38. ТОДЕ СПАСОВСКИ
  39. ВАСКО ФОТИУ
  40. ЈАНЕ АНГЕЛОВСКИ
  41. БЕСИАНА АХМЕТИ

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

            Согласно  надлежностите предвидени во Законот за поддршка на домашна музичка продукција, Директорот (Работоводниот орган) на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска Радиотелевизија – Скопје, ја подготвува листата на  лица, автори на музички дела (музика, текст и аранжман), изведувачи, продуценти на аудиозапис, односно продуценти на видеозапис и музички уредници во радиодифузни организации од која по случаен избор се избираат членовите на комисијата која ќе учестува во постапката за одлучување по конкурсот.

ЈРП МРТ Скопје согласно законската одрадба во текот на месец јануари/февруари 2014 година  објави јавен повик во средствата за јавно информирање и на веб страницата на ЈРП МРТ Скопје, во траење од 30 дена од денот на објавувањето.

            Од заинтересираните лица кои се јавија на јавниот повик, а кои ги исполнуваа условите, Работоводниот огран на ЈРП МРТ Скопје,  ја состави Листата на членови на начин како во диспозитивот на ова Решение, по принцип на бодирање при што предност имаа оние кандидати со најмногу бодови. Листата на членови се состои од 40 лица, кои  ги исполнуваа условите предвидени во член 15 став 5 и  6 од Законот за поддршка на домашна музичка продукција и одредбите на Павилникот за начинот на бодирање и вршење на избор на членови на листа од која се избираат членови на комисијата за избор по конкурсот за создавање на нови композиции.