Привршува ревитализацијата на хидроенергескиот систем
Пешевски придружуван од генереланиот директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, беше во работна посета на ХЕЦ Вруток каде што се изведуваат завршните монтажни работи на агрегатотот...

Вицепремиерот на владата на Република Македонија, Владимир Пешевски придружуван од генереланиот директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, беше во работна посета на ХЕЦ Вруток каде што се изведуваат завршните монтажни работи на агрегатотот, а кој е последен во проектот за ревитализација на оваа хидро централа.
Овие работи се во рамките на проектот за ревитализација на седум хидроцентрали на ЕЛЕМ со кредит на КФВ банката од Германија и учество на ЕЛЕМ, се со цел зголемување на моќноста на електраните, зголемено производство на електрична енергија, смалување на загубите на вода во системите. Со еден збор зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори што е и обврска на државава пред меѓународната заедница, истакна вицепремиерот Пешевски.
Проектот треба да заврши кон средината на оваа година.
