Патот на културата во Бејоглу и Анкара
Истанбул и Анкара се домаќини на престижниот Фестивал „Патот на културата во Бејоглу“ и „Патот на културата во Анкара“, во организација на Министерството за култура и туризам на Република Турција. Од 28-ми мај до 12-ти јуни, овие два турски центри ќе бидат домаќини на 2.000 настани, вдомувајќи повеќе од 6.000 уметници, со широк опсег на содржини планирани за сите генерации...

Фестивалот „Патот на културата во Бејоглу“ започна со специјален настан што се одржа пред културниот центар Ататурк. „Фотомаратон“, кој се одржа со присуство на Министерот за култура и туризам на Република Турција, Мехмет Нури Ерсој и со учество на 1.500 фотографи од цела Турција, пренесувајќи го фестивалскиот ентузијазам на плоштадот Таксим. Фестивалот „Патот на културата во Бејоглу“ се очекува да собере на едно место околу 6.000 уметници од Турција и странство, на повеќе од 2000 настани се до 12 јуни. 3 сцени под отворено небо, 15 улични сцени и 4 улични настани се поставени низ плоштадите и главните улици во Истанбул, заживувајќи го и промовирајќи го фестивалскиот живот низ целиот град.
Ахмет Мисбах Демирчан, заменик-министерот за култура и туризам на Република Турција, се сретна со претставниците на медиумите со цел да ги оцени настаните организирани во рамките на фестивалот. Демирчан истакна дека културните правци и организирањето фестивали на овие културни рути се појавиле со идеја за да се опишат градовите во целина, подвлекувајќи дека Истанбул е една од ретките културни престолнини во светот.
Генералниот директор на Агенцијата за развој на туризмот (TGA) Јалчин Локманхеким ja истакна важноста на културата и уметноста: „културата и уметноста се најважните начини да ги покажеме убавините и богатствата на нашата земја на оние кои доаѓаат во Република Турција. Затоа, овие фестивали се одлична можност да ја промовираме нашата земја во странство“.
Во рамките на фестивалот, љубителите на уметноста од Истанбул и бројните туристи ќе можат да посетат голем број концерти и изложби, од детски работилници до разговори, од театарски и оперски претстави, па се до филмски проекции и концерти на отворено.
„Културниот пат Бејоглу“ е брендиран проект кој има за цел да им го прикаже целокупното материјално, духовно и културно наследство на Истанбул на идните генерации. Тоа е проект за зближување на сите чинители од областа на културата, како што се литературата, театарот, музиката, операта, гастрономијата, образованието, сликарството, киното итн., успешно одржувајќи го контактот меѓу уметниците и публиката. Бејоглу отсекогаш имал водечка улога во културата и уметничката приказна на градот Истанбул. Многу уметници од Турција и странство го поминале овој пат, формирајќи еден културен мозаик и белег карактеристичен за Турција. Македонската Радио-телевизија со своја екипи е дел од Фестивалот, реализирајќи разновидни културни и документарни програми кои ќе бидат прикажани пред македонската публика.