Свет

Построги закони за контрола на оружјето во Њујорк

07.06.2022 09:57

Властите во Њујорк потпишаа пакет од 10 закони за контрола на оружјето. Со новите правила се ограничува купувањето панцири и се зголемува старосната граница за поседување и купување на полуавтоматска пушка...

По зачестените вооружени напади со смртен исход во САД, властите во Њујорк потпишаа пакет од 10 закони за контрола на оружјето.

Меѓу другото, со новите правила се ограничува купувањето панцири и се зголемува старосната граница за поседување и купување на полуавтоматска пушка од 18 на 21 година.

Оваа возрасна граница е задолжителна и во Флорида, Хаваи, Илиноис, Вермонт и Вашингтон.