Доделени решенија на стечајците од Велес

11.04.2014 20:17

„Правдата стигна и до нас“, ваква е првата реакција на седумдесетината велешани кои ги добија решенијата запаричен надомест по Законот за материјално обештетување. За десетина дена на своите сметки ќе ги добијат првите 7.100 денари.

„Дојде денот вистината испадна на виделина.Ни дадоа решенија, ќе земеме некое денарче...Дојдовме земеавме решенија, на оваа влада нека и е алал, нека продолжи вака, кој има мака да му помогне...“велат анкетираните лица.

Околу 1000 некогашни работници кои имаат повеќе од 25 години работен стаж а работното место го изгубиле поради стечај или ликвидација на фирмата која била во државна сопстевност очекуваат позитивни решенија.

„Сеуште се изработуваат решенија, и понатаму ќе имаме нови позитивни решенија. Сите барања кои се поднесени а ги има повеќе, ќе се разгледаат“, рече Валентина Костенова раководител на Центар за вработување Велес.

Покрај во Велес, решенија за паричен надомест по Законот за  материјално обештетување до ново вработување или оствраување на право на пензија на некогашни стечајни работници се делеа во повеќе општини во државата.

Дијана Иванова