Бугарија

Слави Трифонов излегува од владата, една од причините политиката кон Северна Македонија

08.06.2022 16:27

Владината коалиција во Бугарија има четири партии кои ја сочинуваат власта – „Продолжуваме со промените“, „Бугарската социјалистичка партија“, „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“...

Слави Трифонов, лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ“ се повлекува од владата на премиерот Кирил Петков.

За локалните бугарски медиуми Трифонов изјави дека ги повлекува министрите кои се во владата поради две причини, Северна Македонија и тоа што нема повеќе пари во државата. Премиерот Петков вели дека е подготвен да раководи малцинска влада. 

Владината коалиција во Бугарија има четири партии кои ја сочинуваат власта – „Продолжуваме со промените“, „Бугарската социјалистичка партија“, „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“.