СЗО
СЗО: Повеќе од илјади случаи на мајмунски сипаници
08.06.2022 18:07
29 земји досега пријавија случаи на мајмунски сипаници, од почетокот на епидемијата во мај годинава...
Светската здравствена организација објави дека досега се регистрирани повеќе од илјада случаи на мајмунски сипаници надвор од африканските држави.
Генералниот директор на Организацијата изјави дека ризикот од мајмунски сипаници е реален, но може да се спречи. 29 земји досега пријавија случаи на мајмунски сипаници, од почетокот на епидемијата во мај годинава.
Според институтот „Роберт Кох“ Германија е една од европските земји со особено висок број на заразени заедно со Велика Британија, Шпанија и Португалија. Сите регистрирани случаи во Германија се мажи.
