Свет

Проблем со менталното здравје, причина за инцидентот во Берлин

09.06.2022 09:34

Според првичните докази, проблеми со менталното здравје се најверојатна причина за вчерашниот инцидент во Берлин, во кој маж со автомобил удри во толпа луѓе. 29-годишниот возач имал двојно германско и ерменско државјанство и живее во Берлин...

Според првичните докази, проблеми со менталното здравје се најверојатна причина за вчерашниот инцидент во Берлин, во кој маж со автомобил удри во толпа луѓе. 29-годишниот возач имал двојно германско и ерменско државјанство и живее во Берлин. Тој беше уапсен на лице место.

Во инцидентот едно лице загина, а неколкумина се повредени. Жената која загина е идентификувана како наставничка која била на патување со ученици од централната покраина Хесен.