САД

Почнуваат сослушувањата за немирите во Конгресот

09.06.2022 09:41

Избраната комисија на Претставничкиот дом што ги истражува нередите во Капитол ќе одржи најмалку осум јавни расправи и ќе испрати барања за сведочење до неколку пратеници од републиканците, вклучително и тројца членови на Претставничкиот дом кои претходно одбија да соработуваат...

Почнуваат сослушувањата за немирите во Конгресот.

Избраната комисија на Претставничкиот дом што ги истражува нередите во Капитол ќе одржи најмалку осум јавни расправи и ќе испрати барања за сведочење до неколку пратеници од републиканците, вклучително и тројца членови на Претставничкиот дом кои претходно одбија да соработуваат.

Бунтот почна кога илјадници поддржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп упаднаа во Капитол за време на заедничката седница на двата дома на Конгресот, која требаше да ја потврди победата на претседателот Џо Бајден.

Пет лица, меѓу кои и полицаец од Капитол, загинаа во немирите, а стотици членови на толпата се уапсени.