Украина

Зеленски: Битката за Северодоњецк ќе ја реши судбината на Донбас

09.06.2022 09:47

„Ова е многу брутална битка, можеби една од најтешките што сме ги воделе во оваа војна. Северодоњецк останува епицентар на судирот во Донбас. Во голем дел, тука се решава судбината на целиот регион“, изјави Володомир Зеленски, претседател на Украина...

Битката за Северодоњецк ќе ја реши судбината на Донбас, вели украинскиот претседател Зеленски. Истовремено, тој тврди дека украинските сили имаат полна контрола врз соседниот град Лисичанск.

Ова е многу брутална битка, можеби една од најтешките што сме ги воделе во оваа војна. Северодоњецк останува епицентар на судирот во Донбас. Во голем дел, тука се решава судбината на целиот регион“, изјави Володомир Зеленски, претседател на Украина.

Гувернерот на Луганск, вели дека украинските сили се повлекле на периферијата на Северодоњецк, откако Русите почнале жестоко да го бомбардираат од земја и воздух.

Двете страни тврдат дека му нанесуваат големи загуби на непријателот.