Условен паричен надоместок
Програмата „Условен паричен надоместок“...
Програмата „Условен паричен надоместок“ обезбедува дополнителни парични средства, кои на учениците од најсиромашните домаќинства ќе им помогнат редовно да одат на училиште, со што ќе се осигури дека овие деца ќе го завршат средното образование и следствено ќе имаат подобра позиција за вклучување на пазарот на труд.
година корисници на условен паричен надоместок
2010/2011 8983
2011/2012 8490
2012/2013 7286
25 илјади ученици од социјално ранливите семејства од 2010 до 2013 годишно добивале по 12 000 денари, бидејќи редовно посетувале настава. Годинава се очекува ова право да го остварат околу 10 000 ученици.
„Услов за остварување на ова право е ученикот од семејство со социјален ризик да посетува настава, односно посетеноста да биде над 85 проценти. Верувајте ми, имаме постигнато успех, децата ги задржуваме на часови во училиштата“, рече Пенка Николовска, раководител во центар за социјални работи – Скопје
Средношколците од социјално загрозените семејства може да поднесуваат барања за стипендии до 30 септември. Доколку се испушти рокот, вклучувањето во програмата може да биде од наредното училишно тромесечје.
Наташа Јанчиќ
