Повик за аудиција на вокален интерпретатор за Јуниорски Евросонг 2022
Maкедонската Радио Телевизија објавува Повик за аудиција на вокален интерпретатор за Јуниорски Евросонг 2022, кој оваа година се одржува во Eреван, Ерменија. Пријавените кандидати треба да се на возраст помеѓу 9 и 14 години на денот на финалната манифестација, 11 декември 2022 година.
Кандидатите, апликациите ги поднесуваат на електронската адреса:
Сите кандидати треба да се државјани на Република Северна Македонија или да имаат регулиран престој во Република Северна Македонија. Пријавата треба да ги содржи основните податоци:
- Име и презиме
- Датум и место на раѓање
- Email адреса и контакт телефон на еден родител.
Учесниците на аудицијата ќе исполнат две композиции по сопствен избор на инструментална матрица. Учесниците се обврзани со себе да донесат технички исправен носач на звук - аудио ЦД (wav формат).
Аудицијата ќе се одржи на 23 јуни (четврток) со почеток од 10.00 часот во студијата на МРТ, а пријавувањето за аудиција е отворено од денот на објавување заклучно со 21 јуни, 2022 година.
Контакт телефон:
071 351 770
