Фудбал

За 30-тина минути Македонија-Гибралтар 4:0

12.06.2022 21:36

Победа со која македонската селекција ги задржа шансите за првото место што води во баражот за настап на европскиот шампионат,но и натаму со значително заостанување зад Грузија која денеска ремизира без голови со селекцијата на Бугарија...

Со фуриозен почеток на натпреварот македонската фудбалска репрезентација постигна 4 гола против селекцијата на Гибралтар и со убедлив триумф го заокружи јунскиот сегмент од настапите во Лигата на нации.Барди уште во четвртата минута го отвори резултатот,следуваа два гола на Миовски за во 31-та минута Чурлинов да ги постави конечните Македонија-Гибралтар 4:0.Победа со која македонската селекција ги задржа шансите за првото место што води во баражот за настап на европскиот шампионат,но и натаму со значително заостанување зад Грузија која денеска ремизира без голови со селекцијата на Бугарија.Грузијците по 4 кола имаат 10,Македонија 7 бода,Бугарија 3 и последен е Гибралтар со еден бод.Во следните две кола што се на програмата во септември македонската репрезентација на 23 септември ќе гостува по реванш кај Грузија,а три дена потоа ќе ја пречека селекцијата на Бугарија.