Амазонија

Пронајдено телото на британскиот новинар

16.06.2022 09:54

Филипс и Переира исчезнаа во зафрлен дел на амазонската прашума на 5-ти јуни, додека биле на истражувачко патување. Во врска со случајот се уапсени двајца браќа...

Локален рибар го призна убиството на британскиот новинар Дом Филипс и на експертот за изолирани племиња Бруно Переира и ја одведе полицијата до местото каде што биле ископани човечки остатоци.

Полицијата соработува со Интерпол за да ги идентификува останките. Филипс и Переира исчезнаа во зафрлен дел на амазонската прашума на 5-ти јуни, додека биле на истражувачко патување. Во врска со случајот се уапсени двајца браќа.