Фудбал

Ливерпул попушти, Баерн ќе го купи Мане

17.06.2022 22:24

На меѓународната трансфер-сцена вест број еден е потенцијалниот трансфер на Садио Мане од Ливерпул во Баерн Минхен. Медиумите од Англија со авторитет тврдат дека денешниот состанок меѓу двата клуба минал со позитивен епилог и дека црвените од „Енфилд“ ја прифатиле третата понуда на Баварците, откако две веќе одбија...

На меѓународната трансфер-сцена вест број еден е потенцијалниот трансфер на Садио Мане од Ливерпул во Баерн Минхен. Медиумите од Англија со авторитет тврдат дека денешниот состанок меѓу двата клуба минал со позитивен епилог и дека црвените од „Енфилд“ ја прифатиле третата понуда на Баварците, откако две веќе одбија.

Наводно, сумата за која се договориле е 41 милион евра, девет милион помалку од тоа што Ливерпул досега го бараше. Од нив 32 милиона се фиксен надоместок, а останатите девет се бонуси кои Мане треба да ги исполни со свои добри настапи во Баерн. Триесет годишниот Сенегалец дојде во Ливерпул од Саутемптон, во 2016 година за слична сума, 39,5 милиони евра и оттогаш одигра 269 меча и постигна 120 гола, освојувајќи ја Лигата на шампионите, Премиерлигата, двата англиски купа и Светското клупско првенство.

Ливерпул летово го донесе Дарвин Нуњез од Бенфика на позиција напаѓач, а на почетокот на 2022 дојде Луиз Дијаз и одлично се вклопи, оттука, прашање е само на време кога ќе се официјализира трансферот на Мане.