Свет
Земјотрес во Авганистан, најмалку 225 загинати
22.06.2022 09:06
Епицентар на земјотресот бил околу 44 километри од североисточниот град Кост. Потресот бил почувствуван во област населена со околу 119 милиони луѓе во Пакистан, Авганистан и Индија...

Најмалку 225 загинати во силниот потрес во авганистанската провинција Пактика.
Епицентар на земјотресот бил околу 44 километри од североисточниот град Хост, на длабочина од 10 км.
Потресот бил почувствуван во област населена со околу 119 милиони луѓе во Пакистан, Авганистан и Индија, објави Европскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот со магнитуда околу 6,1 степен по Рихтер се случил во раните утрински часови, кога многумина жители сè уште спиеле.
