Ракомет

Валтер ќе биде тренер на РК Еурофарм Пелистер

22.06.2022 19:21

Данецот Ларс Валтер ќе биде на клупата на битолскиот клуб Еурофарм Пелистер со задача да го однесе таму каде што не успеа Бељко Бабиќ. 56-годишниот ракометен стратег потпиша двегодишен договор, а досега работеше во Азоти Пулави во Полска...

Данецот Ларс Валтер ќе биде на клупата на битолскиот клуб Еурофарм Пелистер со задача да го однесе таму каде што не успеа Бељко Бабиќ. 56-годишниот ракометен стратег потпиша двегодишен договор, а досега работеше во Азоти Пулави во Полска.

Во кариерата, меѓу другите, ги водеше Фленсбург, Порто, Шафхаузен, Висла Плоцк, Баја Маре, Горење, Конверсано, Есбјерг, во Швајцаррија, во Полска и во Романија беше првак, а учествуваше во елиминацискиот дел од Лигата на шампионите со Висла и со Горење. Две години беше прогласуван за најдобар тренер во Полска.

„Горд сум што сум дел од овој историски клуб. Одвај чекам да се сретнам со неверојатните навивачи, со играчите и со стручниот штаб. Се гледаме во Битола“, порача Валтер.