Кошарка

ЦСКА го промовираше Рајковиќ

22.06.2022 19:25

Нашиот кошаркарски тренер денеска беше промовиран во ЦСКА Москва. Рускиот клуб е великан со осум европски шампионски титули, а својата неспорна големина ја покажа и во целиот процес на ангажирањето на Рајковиќ...

Надевајќи се на големи резултати, Македонија има тренерски трговски дефицит, односно повеќе увезува отколку што извезува. Но Емил Рајковиќ е еден од исклучоците.

Нашиот кошаркарски тренер денеска беше промовиран во ЦСКА Москва. Рускиот клуб е великан со осум европски шампионски титули, а својата неспорна големина ја покажа и во целиот процес на ангажирањето на Рајковиќ.

„За мене ова е голема чест, но и одговорност. Би рекол дека е и награда за сè што сум постигнал досега. Мислам дека во 16 години колку што сум тренер го стекнав потребното искуство и тоа ќе ми помогне во работата во новата средина“, изјави Рајковиќ на првиот прес како тренер на ЦСКА Москва. Поради актуелната политичка ситуација нема да игра во Евролигата во првата сезона, но очекува доволно возбудувања во ВТБ лигата. Негова задача ќе биде да го врати шампионскиот пехар во Русија којшто е во сопственост на Зенит.