Ракомет

Вардар со соопштение по суспензијата од ЛШ

23.06.2022 20:39

По освојувањето на двојната круна во Македонија, со нетрпение го очекувавме стартот на новата сезона во која ќе играме меѓу најдобрите екипи во Лигата на шампионите. Стабилноста на клубот последните две сезони ни дава за право да се надеваме на повторување и подобрување на постигнатите резултати досега-се вели во соопштението...

По освојувањето на двојната круна во Македонија, со нетрпение го очекувавме стартот на новата сезона во која ќе играме меѓу најдобрите екипи во Лигата на шампионите. Стабилноста на клубот последните две сезони ни дава за право да се надеваме на повторување и подобрување на постигнатите резултати досега-се вели во соопштението.

За жал од ЕХФ на 17 јуни, добивме известување дека поради ненавремено подмирување на обврските Вардар не може да игра во Лигата на шампионите следната сезона. Во изминатиов период од 2 год. беа подмирени обврски во висина од околу 2.3 милиони евра и беше уплатен депозит на сметка на ЕХФ во висина од 300.000 евра. Вистина е дека РК ВАРДАР имаше задоцнување во временската рамка којшто ја доставуваше за исплата на заостанатите обврски, при што последната исплата од 500.000 евра предвидена за исплата до 15 мај се реализираше до 31 мај оваа година.

Со оваа исплата и со искористувањето на депонираните средства РК ВАРДАР сметаше дека целосно се подмируваат заостанатите обврски пред преземањето на клубот. Во следните неколку денови ќе имаме почиста слика за ситуацијата со клубот, а нашите следни чекори ќе бидат обелоденети во понеделник за кога клубот ќе има прес-конференција на која ќе објави повеќе детали-се вели во дел од подолгото соопштение.